Харадинај: Ако продолжи вака, Србија и Русија ќе победат, а Косово ќе мора да се спои со Албанија

458

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај и кандидатот на таа партија за претседател на Косово, денеска одржа три одделни средби со поранешни борци на ОВК, на кои им ја презентираше програмата АБК 2021-2025 и ги повика да ја поддржат програмата и неговата кандидатура.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Харадинај рече дека тој не може да трае бесконечно.

Нема да останеме заглавени на масите за дијалог на неодредено време, бидејќи ако продолжи нашата изолација, ќе победат само Србија и Русија, објави Харадинај на Фејсбук.

Тој истакна дека на Косово му треба внатрешно единство на патот кон НАТО, пренесуваат Новости.

Изборите на 14 февруари се референдум за Косово во НАТО. Јас и моите другари бевме подготвени кога земјата требаше да се ослободи, а исто така сме подготвени да ја браниме. Најдобра одбрана е Косово во НАТО, вели тој и додава:

Ако ова не се постигне во наредните години, организирањето референдум за обединување со Албанија е начинот на кој ќе се движиме, со цел да се обезбедиме самите и мирот во регионот, додаде Харадинај.