Хаварија во Бугарија: Исклучен реакторот на нуклеарната централа Козлодуј

716
Денеска во 6.05 часот поради дефект од енергетскиот систем на Бугарија е исклучен петтиот реактор на нуклеарната централа Козлодуј.

Во соопштението од прес-центарот на електраната се наведува дека реакторот е исклучен од енергетскиот систем на земјата поради дефект во системот за возбудување на генераторот и активирање на електричната заштита во конвенционалниот, ненуклеарен дел, пренесува Bnr.bg.

Нема промена во состојбата на радијацијата во близина на нуклеарната централа, јавуваат медиумите Петтиот реактор кон крајот на мај беше вклучен во енергетскиот систем на земјата по планираниот ремонт и полнење гориво со нуклеарно гориво.