Армиските хеликоптери полнат вода од реката Вардар за да го гаснат пожарот во Сарај.
За овој нивен подвиг, полнење вода од исклучително густо населен и урбанизиран терен тие добиле пофалби од граѓаните на социјалните мрежи.
Освен воодушевените граѓани, на социјалната мрежа Фејсбук се огласила и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска:
„Секоја чест за пилотите – полнат вода од Вардар и гаснат во реонот на Сарај“, напишала таа.