Првиот човек на Баерн Минхен во изјава за германските медиуми ги израдува фановите на клубот потврдувајќи дека ова лето во Минхен ќе пристигнат многу нови фудбалери.
Хенес посочи дека нивната цел е значително да се подмлади тимот со фудбалери кои веќе тропаат на вратата на првокласниот фудбал.
Потписот на Бенџамин Павар е веќе обезбеден, а се верува дека „баварците“ се блиску до договор и со Лукас Ернандез од Атлетико Мадрид. Опција за тимот се и Николас Пепе од Лил како и Калум Худсон-Одои од Челси.
– Сакаме да ја подмладиме нашата екипа. Ќе ги имаме најголемите вложувања во историјата на Баерн Минхен. Парите управуваат со фудбалот, но најголема улога во освојувањето на трофеи има карактерот на самите играчи кои се на теренот, – заклучи претседателот на Баерн Минхен.