Човекот Емил Живиќ од Ниш вчера во својата викендичка во селото Пасјача го пронашол киднапираното девојче Моника К., пренесуваат од „Блиц“.
Тој раскажал дека случајно со синот одлучил да појде до викендичката која ја имаат во селото Посјача, а во која никој не живее.
„Поминував со синот и решив да поминам во куќата во Посјача. Кога пријдовме видов во сутеренот една врата отворена па пријдов да ја затворам. Веројатно монструмот на катот од куќата тогаш слушна тропање. Синот го виде од прозорецот затоа што веднаш се обиде да излезе од другата страна“ – вели Живиќ.
Како што раскажува тој, знаел дека брзо мора да реагира и да импровизира.
„Му викнав на син ми „Дај пиштол“, иако немаме оружје, но морав да се снајдам. Тој човек веднаш истрча од другата страна на прозорецот па преку терасата и скокна на земја. Се најде очи в очи со мојот син“ – ја опишува драматичната ситуација човекот.

Како што вели, Нинослав Јовановиќ попознат како Малчански бербер веднаш почнал да бега низ ливадата.
„Тргнав кон него за да видам по кој пат ќе оди и се јавив во полиција“ – вели Живиќ и додава:
„Син ми за тоа време влезе во куќата, викавме “девојче, девојче“ затоа што ги следевме настаните на телевизија, но девојчето не се одзиваше. Потоа син ми влезе во една од собите и викна: „Еве ја, жива е!“ Веднаш ја известивме полицијата“ – раскажал Живиќ.

Тој вели декла не очекувал девојчето да биде таму затоа што знаел дека потрагата по девојчето била базирана во селата околу Књежевиќ кој е оддалечен околу 40-на километри од Посјача.
„Беше бледа како јас сега. Само ја погледнав во лице, видов дека нема повреди по лицето и потоа бев радосен. Три пати се прекрстив во името на господ“ – вели овој храбар човек за „Блиц“.