Хет Трик на Вардар: Вардарска доминација за нова СЕХА титула

707

По почетниот отпор и водство на Загреб, Вардар во продолжение го презеде резултатот во свои раце и ја диктираше играта. Сепак мечот беш решен во последните 10 минути. Кристопанс фати серија од низа голови, па тимот од Скопје за првпат сериозно се одлепи.

Вардар на седум минути пред крајот на мечот имаш +6 (19-24) и играч повеќе на теренот, но кога сите мислеа дека е готово, се случи она што малкумина веруваа. Хрватите се доближија н само -1 (23-24) на две минути пред крајот.  Кристопанс шутираше, неговиот шут беше одбранет, а Стоилов го прибра отпадокот и погоди за +2 (23-25). Во следниот напад Милосављев одбрана, а печат на победата стави Скубе (23-26).

Кристопанс со 7 гола беше прво име пред Дибиров кој постигна 5 гола како и Скубе.