Холандија експериментално ќе одобри легално одгледување канабис

1551

Холандската Влада донесе одлука да дозволи експериментало легално одгледување на канабис во десет оштини во земјата.

– Владата реши да дозволи одгледување на канабис за да се процени влијанието врз криминалот, безбедноста, нарушувањето на јавниот ред и задравјето, се наведува во соопштението на холандскиот владин Кабинет.

Согласно одлуката, во следните четири години во десет општини ќе биде овозможено легално и контролирано одгледување на канабис, кој ќе се продава во „кофи шоповите“ низ земјата.

Холандија уште во 1976 година дозволи легална продажба на марихуана во количество до пет грама, а на секој граѓанин му беше овозможено одгледување до пет корени канабис за лична употреба.

Продажбата и одгладувањето на канибис на големо и натаму е забрането, поради што сопствениците на „кофи шоповите“ на ретко се снабдуваа со марухана од криминалните групи, со цел да ги задоволат потребите на гостите.

Со последната владина одлука ќе се гарантира легално снабдување на „кофи шоповите“ со потребните количества на канабис.

– Важно е обезбедување на затворен цуклус на производство. Не смееме да дозволиме снабудвање со канабвис преку нелегалните мрежи, се додава во владиното соопштение, во кое се најавува дека законскиот предлог за легалното одгледување на канабиост наскоро ќе биде доставен до Парламентот.