Ѕвездата од акционите филмови била фотографирана на плажа со својата ”новопечена” вереница.
Шведскиот акционен актер, режисер, продуцент, мајстор за боречките вештини и дипломиран инженер по хемија Долф Лундгерн (62), бил фотографиран со својата вереница Ема Крокдал (24) додека уживале на плажа на Малибу.
Заљубениот пар бил фотографиран додека лежеле на песочната плажа, а потоа славниот актер се разладувал во океанот.

И двајцата носеле темни очила за сонце и имале ланчиња на вратот, а ги покажале и своите згодни тела.
Долф иако има 63 години, има затегнат стомак, гради и раменици, а Ема постојано го бакнувала и галела.

Да ве потсетиме дека легендарниот актер неодамна во Стокхолм ја запроси преубавата русокоса која што работи како личен тренер, а среќната вест ја објавија на социјалната мрежа Инстаграм.
„Нешто навистина специјално се случи тука во Шведска. Долф ја сака Ема“ – напишал популарниот актер под објавата на социјалната мрежа Инстаграм.

