Холивудските дами кои избрале помалку познати мажи за сопрузи имаат совршен брак

852

Мерил Стрип, Џесика Алба, Џулија Робертс и Рис Витерспун важат за семејни жени и ги обожуваат своите брачни партнери.

Имињата како што се Мерил Стрип, Џесика Алба, Џулија Робертс и Рис Витерспун не треба посебно да се истакнуваат. Овие дами се популарни ширум планетата и важат за семејни жени. Тоа што е заедничко за нив е дека тие се омажени за мажи кои не се толку познати.

Без разлика на се, браковите на овие дами функционираат совршено.

Актерката Џулија Робертс така е во брак со филмскиот работник Дени Модер. Тие се запознале на снимањето на филмот “The Mexican”, а се венчале во 2002-ра година. Имаат три деца, близнаците Хајзел Патриша, Фин и Хенри Даниел.

Рис Витерспун на релативно необичен начин го запознала својот сегашен сопруг Џим Тот. Имено, на актерката во еден бар и досадувал еден маж под дејство на алкохол. На Рис на крајот и пришол пријателот на алкохолизираниот маж, Џим Тот, и и се извинил на Витерспун во негово име. Рис и Џим се венчале во 2011-та година, а го имаат синот Тенеси.

Мерил го запознала својот сопруг, вајарот Дон Гамерам во 70-тите години од минатиот век преку нејзиниот брат, а негов пријател. Со оглед на тоа дека Дон бил надвор од земјата на неколку дена, актерката му го чувала станот. По неговото враќање, почнале да се забавуваат. Се венчале во 1978-ма година и имаат четири деца: синот Хенри и ќерките Мејми, Луиза и Грејс.

Џесика Алба својот сопруг Кеш Ворен го запознала на снимањето на филмот Сју Сторм. Тој работел како асистент продуцент. Многу брзо се заљубиле еден во друг, а се венчале во 2008-ма година. Имаат три деца, ќерката Хонор и Хевен, како и синот Хејс.