Хонгконг: Измамиле баба и ѝ украле 32 милиони долари

1063

Една 90-годишна жена од Хонгконг, на која криминалците и се претставиле како кинески службеници за безбедност, во најголемата забележана телефонска измама е оштетена за 32 милиони американски долари.

Хонгконшката полиција соопштила дека измамниците минатото лето ја избрале постарата жена која живее во луксузна хонгконшка населба и дека, преправајќи се дека се кинески службеници за државна безбедност, контактирајќи ја со тврдењето дека нејзиниот идентитет е користен во сериозен кривичен случај во Кина.

“Guardian” пренесува дека во таа прилика и било кажано дека треба да ги префрли парите од својата банкарска сметка на сметката која ја држи истражниот ти, каде тој ќе биде чуван и контролиран.

Весникот наведува дека полицијата соопштила дека постарата жена неколку дена подоцна во куќата ја посетило лице кое со наменски телефон комуницирало со лажни агенти од службата за безбедност, кои ја наговориле да направи вкупно 11 банкарски трансфери.

Полицијата рекла дека измамата е забележана само затоа што домашниот помошник на постарата жена помислил дека се случува нешто сомнително, па ја контактирал нејзината ќерка, која потоа го пријавила случајот во полиција.

По истрагата, уапсен бил еден 19-годишник, но бил пуштен со кауција.

Хонгконг има една од најголемите концентрации на милијардери во светот, од кои повеќето се постари луѓе, што ги прави лесна мета на измамници.