Хорор приказната на Меланија: Од раскошната празнична декорација на Белата куќа, на Твитер настанала цела колекција од хорор споредби

772

Првата дама на САД, Меланија Трамп, досега веќе навикнала секој нејзин потег да наиде на критики од целата јавност која не гласа за Републиканците, но веројатно не ни помислила дека овој пат тоа ќе биде божиќната декорација.

Имено, нападите започнале веќе истиот ден кога Меланија се пофалила дека самата го дизајнирала концептот на декорацијa чија главна тема е “богатството на Америка”, а низ која видливо се провлекува хуманитарната кампања посветена на децата “Be Best”.

Колоните од црвени елки послужиле како инспирација за “Хорор приказната на Меланија”.

Еден од коментарите гласи: “Сфатив! Меланија всушност вежба за серијата во која ќе глуми кога веќе нема да биде прва дама, а која ќе се вика “Хорор во Белата куќа за Божиќ””.

Идеите за споредба на декорациите на Меланија со хорор филмови и асоцијациите на црвена крв само се ределе:

За некои од Американците вистинскиот хорор не е од Холивуд, туку од Русија. Така, еден од коментарите гласел “ако некогаш се двоумевте за соработката Трамп/Русија, еве – дури и елките во Белата куќа се црвени”.

А тука е и еден од јунаците од славните Симпсонови”: