Кога некои хороскопски знаци ја пронајдат својата „сродна душа“, тие се дополнуваат и стануваат едно.
Некои хороскопски знаци во пар се сложуваат подобро од другите. Судена им е вечна љубов, бидејќи според размислувањата, функционирањето и погледите на светот совршено се поклопуваат.
Рак и Шкорпија
Ги карактеризира длабоко разбирање кое е засновано на интуитивно ниво. Тие често може да се разберат без зборови, а неретко ги чувствуваат меѓусебните потреби и чувства. Со оглед на тоа дека одлично се разбираат им успева да ги надминат маните на другите. Имаат исти цели и очекувања од животот, а нивната врска е обично нераскинлива.
Девица и Јарец
Врска со многу среќа и успех е карактеристична за овој пар. Овој спој на земјени знаци поседува потенцијал за остварување на добро разбирање бидејќи партнерите припаѓаат на ист елемент, па често се складни во размислувањата, ставовите и потребите. Нивната комуникација е опуштена, природна и пријатна, а за нив се вели дека се на иста бранова должина.
Овен и Стрелец
Во многу случаи се работи за идеална комбинација бидејќи и Овенот и Стрелецот се огнени знаци полни со ентузијазам. Овенот е лидер, а Стрелецот слободна душа која не прави конкуренција. Сакаат патувања, а меѓу нив се создава брза конекција која може да трае долго. Астролозите велат дека овој пар нема конкуренција во Зодијакот бидејќи се поврзани на силно ниво.
Близнаци и Риби
Иако некои би рекле дека овој спој не е возможен, има бројни примери дека може да остварат еден стабилен и долгорочен љубовен однос. Тие се вистинско олицетворение дека спротивностите се привлекуваат. Кога се работи за согласувањето меѓу Рибите и Близнаците тоа не значи дека меѓу нив не може да дојде до љубовна привлечност бидејќи тие не бараат љубов во некој кој ќе биде ист како нив. Не сакаат да бидат во љубовна врска со некој кој ќе претставува нивен клон.