Хрватите се плашат од Борко: Тоа е најдобриот голман на СП, ако му тргне ќе биде тешко

814

Од 18:00 часот во „Олимпија Хал“ во Минхен ќе се судрат Хрватска против Македонија – Лино Червар против Руал Гонзалез.

Во пресрет на мечот, од хрватска најмногу освен од Кире Лазаров, најмногу стравуваат и од Борко Ристовски кој е најдобар голман на овој шампионат според процентот на одбранети удари, 25/59 на два меча.

„Статистиката знае да биде лажна, Македонецот е незгоден голман и може секој да намачи ако добро му тргне. Се надевам дека нема да му допуштиме да дојде до израз“ изјави поранешниот хрватски голман Валтер Матошевиќ