Во последните 24 часа се забележани 748 нови случаи на заразени со Ковид-19, извести Штабот за цивилна заштита на Република Хрватска.
Бројот на активни случаи во Хрватска денес е вкупно 3.210.
Меѓу нив има 441 пациент на болничко лекување, од тоа 27 на респиратори.
Во последите 24 часа од последиците на вирусот во таа земја починале четири лица.
„Од 25 февруари 2020, кога е забележан првиот случај на заразата во Хрватска, до денес вкупно се забележани 21.741 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 334 починале, вкупно се опоравиле 18.197 лица, од тоа 308 во последните 24 часа“, наведува Штабот.
Во самоизолација моментално се 16.596 лица.
До денес вкупно се тестирани 372.683 лица, од тоа 6.446 во последните 24 часа.