Финалниот натпревар на Светското првенство во Русија стана реалност за репрезентативците на Хрватска кои со 2:1 ја добија полуфиналната пресметка против селекцијата на Англија и тоа благодарение на голот на Манџуќиќ кој го постигна во второто продолжение.
Финалниот натпревар ќе биде одигран во Москва на 15. јули, а коцкастите за противник ќе ја имаат Франција.