Утрово падна снег во Горски Котар и Лика и температурите се околу нула и се за десет степени пониски од вчерашните. Утрово измерени се 7 сантиметри снег во Делнице, а 10 сантиметри во населбата Бегово Раздоље. Од службата за Хрватските автопатишта повикуваат граѓаните да не поаѓаат на пат без посебна потреба.
Поради силниот ветер, Јадранската магистрала помеѓу Карлобаг и Света Марија Магдалена е затворен за секаков сообраќај, а поради лошите временски услови, во прекин се и некои фериботски и катамарански линии, објави Хрватскиот авто-клуб (ХАК).
Поради олујниот ветер и снег, во моментов нема слободна рута за камиони со приколки и полуприколки од правецот на внатрешноста кон Далмација, Риека и Истра и обратно.
Дел од Јадранот синоќа беше погоден од најавениот силен дожд, кој предизвика големи бранови во тој дел на Хрватска.
Во среда во Македонија ќе преовладува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд.
На места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и ретки грмежи.