Хрватските двометраши Шарац и Кудуз доаѓаат во Вардар!

530

Еден од најталентираните хрватски ракометари во моментов, Јосип Шарац (22 год, 201 см) и неговиот сонародник Анте Кудуз (25 год, 202 см) од следното лето ќе го облечат дресот на екипата на Вардар.

Станува збор за одлични ракометари, кои играат на позицијата лев бек и кои и тоа како ќе донесат нов квалитет во црвено-црвениот табор. Шарац е член на словенечкиот тим Целје и репрезентативец на Хрватска, за која има одиграно 11 средби и постигнато пет погодоци, додека Кудуз во моментов настапува за романскиот прволигаш Динамо Букурешт.

Со ова се дополнува балканскиот шмек кој Вардар ќе го има следната сезона, со оглед што веќе се договорени ангажманите на црногорскиот интернационалец Васко Шеваљевиќ и повремениот српски репрезентативец, Дарко Ѓукиќ.