И Дојче Банк ќе му затвори врата на Трамп

542

Дојче Банк нема да прави бизнис со актуелниот американски претседател Доналд Трамп по нападот што тој го поттикна на Капитол Хил.

Дојче банк е најважниот заемодавател на Трамп, со околу 340 милиони долари заеми на  Организацијата Трамп, пишува „Њујорк Тајмс„ повикувајќи се на извор запознат со плановите на компанијата.

Дојче банка бара начини да ги прекине односите со Трамп по изборите во САД, бидејќи е уморна од негативниот публицитет што произлегува од овие врски.