И Германците им зададоа тежок удар: Запленети се 20 тони венецуеланско злато!

808

Венецуела во мај продаде 15 тони злато во вредност од 570 милиони долари од резервите во централната банка и така ги спушти резервите на најниско ниво во последните 29 години.

Резервите со злато на Венецуела сега вредат 7,9 милијарди долари, но властите од Каракас се соочуваат со големи проблеми, затоа што венецуеланското злато кое што се наоѓа во банките на западните земји, веќе противниците на режимот на Мадуро го запленуваат.

„Дојче Банка“ деновиве заплени 20 тони злато во сопственост на Венецеула откако Каракас не го исполни договорото за замена на златото во вредност од 750 милиони долари. Венецуела добила готовински кредит од „Дојче Банка“ во рамките на финансискиот договор од 2016-та година кој требало да истече во 2021-ва година.

Германските медиуми пренесуваат дека банката одлучила да го раскине договорот откако Венецуела претходно во текот на оваа година пропуштила да го исплати својот долг.

До ова дојде откако венецуеланскиот лидер на опозицијата и самопрогласен претседател, Хуан Гваидо покажал подготвеност да преговара за условите со „Дојче Банка“, која би можела да им даде депозит од 120 милиони долари, кој не би можеле да го подигнат властите на претседателот Николас Мадуро.