И големите знаат да пуштат некоја солза – Антетокумпо доби МВП награда па се расплака!

815

Големото играчиште од Милвоки, Јанис Антетокумпо, по одличната сезона во НБА, ја доби престижната МВП награда, што е сигурно огромно признание за неговиот труд и залагање.

Тој пред публиката беше крајно емотивен, бидејки до патот кон неговиот успех се присети на неговите родители, зборуваше за мајка ми и неговиот татко кој веќе не е помеѓу живите и тоа беше доволен мотив за овој кошаркар да прсне во солзи пред присутните.

„Сакам да им се заблагодарам на моите родители, мајка ми и татко ми, кој повеќе не е меѓу живите. Секој ден кога одам на тренинг, мислам на него и тоа ми дава мотив да напредувам во кариерата“, порача Антетокумпо.