И Кинезите патентираа вакцина за коронавирусот! Ова се сите детали, руската вакцина доби конкуренција

650

Акциите на “Кансино” на берзата во Хонг Конг утрово пораснале за околу 14 проценти, а на берзата во Шангај за 6,6 проценти.

Кинеската компанија специјализирана за вакцини “Cansino biologics” патентирала потенцијална вакцина против “Ковид-19” со име “Ad5-nCOV””, јавиле државните медиуми повикувајќи се на документи за заштита на интелектуален имот.

Ова е првата патентирана вакцина во Кина, јавил државниот весник “Народен дневник”, повикувајќи се на документите кои ги објавила кинеската Национална администрација за интелектуален имот. Патентот е потврден на 11-ти август.

Саудиска Арабија овој месец соопштила дека планира да започне трета фаза клинички испитувања на вакцината на компанијата “Кансино”. Компанијата наведува дека води разговори и со Русија, Бразил и Чиле за започнување на третата фаза на тестирање во тие земји.

Акциите на “Кансино” на берзата во Хонг Конг утрово пораснале за околу 14 проценти, а на берзата во Шангај за 6,6 проценти.