“И натаму сме фраери”: Славните актери Сталоне, Шварци и Долф со хит снимка го воодушевиле светот

1101

Снимката на која тројцата се шегуваат на сметка на својот изглед, за седум часа била прегледана речиси милион и пол пати.

Холивудските актери, Арнолд Шварценегер, Силвестер Сталоне и Долф Лундгрен, ги израдувале фановите ширум светот со снимка на која одлично се забавувале и порачале дека одлично стареат.

Со оглед на тоа дека сите тројца важат за страв и трепет во Холивуд и дека сите ги поврзуваат со опасни улоги, овие популарни актери и денес се во одлична форма, па секогаш е вистинско задоволство да се видат заедно. Посебно кога се целосно опуштени, исто како и на снимката која Сталоне ја споделил на Инстаграм, а која за само седум часа ја погледнале околу милион и пол луѓе.

“Мојата рака изгледа подобро од твоето лице”, се пошегувал Силвестер со Арнолд.

“Слај мисли дека неговата рака е поубава…Погледнете колку добро изгледам”, додал Шварценегер.

“Многу добро старееме”, заклучил Сталоне, задоволен од тоа што го гледа, исто како и сите фанови на легендарните актери.

“Генијално”, “Вистински опасни момци”, “Легенди”, “Момците се вратија во градот”, “Свето тројство”, “Толку многу легенди на една снимка”, “Никогаш немојте да остарите, чувајте ја душата млада”, “Момци, изгледате одлично”, “Многу сте згодни”…се само некои од коментарите кои воодушевените фанови ги напишале.