И Охрид има „Фонтана ди Треви“

778

Најпознатата фонтана во светот, каде што многу луѓе фрлаат паричка и посакуваат некоја желба да им се оствари, се наоѓа во Италија и се вика „Фонтана ди Треви“. Охриѓани не сакале да останат покуси, па направиле слична таква во Охрид, само со една разлика. Фонтаната во Охрид извира од канализација. Дали остварува желби, не веруваме.