Утрово на Инфективната клиника во Скопје почина Драган Вучиќ, познатиот музичар и водител. Според неофицијали информации Вучиќ починал како последица од компликации на вирусот Ковид-19.
На Инфективната клиника, Вучиќ кој беше дијабетичар бил цела недела, со висока температура и со покачен шеќер. Од блиски на семејството Вучиќ,„ Женски магазин“ дознава дека позитивна на вирусот е и е неговата сопруга Весна, која за сега нема никакви симптоми.