Повеќе од 150.000 жители на Северна Кореја бил воодушевени на преполниот стадион “Рунградо 1. мај”, поздравувајќи ги Ким Јонг Ун и Мун Џае Ин, лидерите на двете земји кои технички уште се во војна.
На слетот со име “Славна земја” настапиле десетина илјади учесници.
На трибините со помош на разнобојни картони биле напишани пораки за помирување и желби за обединување на двете земји.
Се потсетувало на слетовите кои со години биле одржувани на 25. мај на стадионот на ЈНА по повод роденденот на Јосип Броз Тито, првиот син на југословенскиот народ. Говор на преполниот стадион одржал и Мун Џае Ин, лидер на Јужна Кореја.
“Живеевме заедно 5.000 години, а одвоено 70 години. Сега предлагам во целост да го отфрлиме непријателството од минатите 7 децении и да направиме голем чекор напред кон мир, за повторно да станеме едно”, порачал Мун, кој бил поздравен од насобраната маса.
Двајцата лидери договориле продолжение на соработката на целосната денуклеаризација и изразиле желба да ги организираат ОИ 2032. година.
“Се согласивме да го направиме Корејскиот полуостров територија на мир, без нуклеарно оружје и нуклеарни закани”, рекол Ким.
Вчера, последниот ден од самитот, лидерите на двете земји го посетиле и кратерот и езерото на планината Паекту, на врвот на вулканот кој се смета за свет во Северна Кореја.

Крај на преговорите до 2021. година
Американскиот државен секретар Мајк Помпео изјавил дека преговорите меѓу САД и Северна Кореја за денуклеаризацијата на таа земја ќе бидат завршени до јануари 2021. година. Помпео додал дека го повикал севернокорејскиот министер за надворешни работи, Ри Јонг Хо на состанок наредната недела во Њујорк, каде двајцата би требало да присуствуваат на собирот на светските лидери на ОН.


