Неверојатна снимка направена во Нижњевартовск во западен Сибир ги оставила сите во шок, а главен актер е мечка која лутала во центарот на градот.
На снимката се гледа како на улиците ѕверот трча по човек кој разговара на телефон. Човекот почнува да бега и тогаш започнува драмата, бидејќи животното почнува да го брка. По кратката потера, човекот ја претрчува улицата, мечката трча по него и во тој момент животното го удира автобус.
За среќа, работата се разрешила позитивно за сите учесници, вклучувајќи ја и мечката. Возилото ја удрило, меѓутоа поради брзата реакција на возачот и добрите сопирачки, мечката не била сериозно повредена.
Набрзо била успана и одведена од тимот за контрола на животни, кој брзо пристигнал на местото на настанот. Според локалните медиуми, мечката не била дива, туку домашен миленик, а сопственикот ја чувал во хотел. Полицијата сега истражува како мечката успеала да побегне и дали нејзините животни услови воопшто биле легални. Наводно во хотелот била пронајдена уште една мечка.
Angry bear chases a man down the street of a chilly Siberian city
MORE: https://t.co/UARX01nFbR pic.twitter.com/4MlkhUKwPv
— RT (@RT_com) March 17, 2021
Extreme sports in the town of Nizhnevartovsk, western Siberia, as man is forced to sprint away from bear. Both man and beast escaped without injury. pic.twitter.com/VbE3529LEz
— Oliver Carroll (@olliecarroll) March 17, 2021