Златан Ибрахимовиќ по сè изгледа одлучи каде ќе ја заврши својата богата кариера. Искусниот напаѓач моментално настапува за Милан, а најверојатно дресот на „росонерите“ ќе биде негов последен кој го носел во кариерата.
Имено, италијанските медиуми денес пишуваат дека Швеѓанецот е многу близу до потпишување на нов договор со Милан.
Ибра ќе потпише нов едногодишен договор, ќе заработи 6.5 милиони евра во следната сезона плус бонуси за индивидуалниот учинок.
Еден од најдобрите голгетери во модерниот фудбал, кој пред две седмици и на 39 години повторно го носеше дресот на Шведска, во својата кариера има настапувано уште за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Манчестер Јунајтед, ПСЖ, ЛА Галакси и Барселона.