Игор Александров од Австралија: Еве ви доказ дека револуционерите не биле Бугари

721

Игор Александров: ,,Уште еднаш за новоосознаените ‘македонски Бугари’ и квази-историчарите кои храбро дебатираат сами со себе за тезата дека Гоце Делчев и другите борци се сметале за Бугари, повикувајќи се на ‘извори’ од балкански држави кои без мера фалсификуваат историја за последните 10-20 години, а небаре за 19тиот или почекотот на 20тиот век.

За американскиот весник Dakota Farmers’ Leader, од 6ти Март 1903, македонскиот трговец, Генерал Васил Стефанов, во врска со подготовките за илинденското востание, меѓу другото вели:

“Востанието нема да се случи уште извесно време и неговата дата ќе ја утврди Националното здружение, кое го сочинуваат 2,500,000 членови од бугарска, македонска, романска и српска националност.”

Ќе одговори ли Љубчо ‘средниот бизнисмен’, Стево ‘Стока’, божемнион историчар од Кавадарци или било кој од нивниот ков за каква МАКЕДОНСКА националност која е различна од бугарската и српската зборувал Стефанов во 1903? Титоист да не бил?”