Во својата живописна биографија, Рони ја додал и ставката – фудбалер.
Вакво фудбалско деби не се памети и за него зборува целиот фудбалски свет.
На натпреварот меѓу Интер од Суринам и Олимпија од Хондурас, во рамките од осмина финалето на Лига Конкакаф, првите минути ги одиграл 60-годишниот Рони Брунсвајк.
Тој е сопственик на Интер, но не само тоа – тој е и потпретседател на Суринам, некогашна холандска колонија и земја на потекло на многу фудбалски асови (Гулит, Рајкард, Сидорф, Давидс), кој се наоѓа на црвена потерница на Интерпол, поради обвинение за трговија со дрога и поврзаност со терористички и герилски организации.
Во младоста, наводно, извршил и неколку вооружени грабежи во Холандија.
Има, меѓутоа, политичка заштита во својата земја, не му се заканува апсење, но нема да може да игра на реваншот во Хондурас, бидејќи не смее да ја напушти земјата.
Светските медиуми пишуваат дека е сопственик на рудник за злато, дека има 50 деца, а дека со еден од своите синови вчера играл на своето деби.
Во својата живописна биографија, Рони ја додал и ставката – фудбалер.