Играчи кои најмногу разочараа: Ова се најлошите 11 во Премиер лигата

780

Зад нас е уште една возбудлива сезона во англиската Премиер лига.

Манчестер Сити во фото финишот успеа да ја одбрани титулата пред Ливерпул, а Премиер лигата ја напуштија Хадерсфилд, Фулам и Кардиф.

Секако, кон крајот на сезоната беа избрани и најдобрите играчи и идеалните тимови на сезоната. Вирџил ван Дајк е прогласен за најдобар фудбалер, а големо внимание предизвика влезот на Пол Погба во идеалниот тим на првенството, каде не беше Еден Азар.

Никому не му е јасно како Погба успеа да е најде во идеалниот тим, бидејќи статистички гледано, зад себе имаше очајна сезона.

„Сан“ го објави најлошиот тим во Премиер лигаат според сите статистички параметри, а место во него имаше и за Пол Погба, кој така успеа да се најде истовремено и во најдбриот и во најлошиот тим на сезоната.

Покрај него тука е уште некои познати имиња, а најлошите 11 изгледаат вака:

Голман: Асмир Беговиќ (Борнмут).

Одбрана: Кристофер Шиндлер (Хадерсфилд), Бруно Манга (Кардиф), Вес Морган (Лестер), Шон Морисон (Кардиф).

Среден ред: Ивес Бисума (Брајтон), Жоржињо (Челзи), Пол Погба (Манчестер Јунајтед), Етијен Капу (Вотфорд).

Напад: Глен Мареј (Брајтон), Лоран Дипојте (Хадерсфилд).