ИЛИЕВСКИ: НЕ МОЖАМ ДА ГО ПРЕБОЛАМ ЕП 2013 ГОДИНА, ЈА ПОБЕДИВМЕ СРБИЈА СО ТЕОДОСИЌ, БОГДАНОВИЌ

641

Владо Илиевски оваа сезона има една поинаква улога. Поранешниот македонски репрезентативец е претседател на словенечка Илирија, тим кој испадна од најсилната лига и кој се најде во тешка ситуација.

Илиевски во интервју за „сиол.нет“ открива детали за неговата кариера, како и плановите со новата обврска.

Неговата желба е да биде тренер, но поради обврски кон семејните околности се одлучил за претседателската функција.

„Секогаш ме влечеа тренерските води. Во последните денови од мојата кариера, не бев само продолжена рака на тренерот, туку размислував и како тренер. Понекогаш дури и премногу. Поради семејните околности за кои не би сакал да зборам детално, потребно е родителство, се откажав од помислата да бидам тренер. Но, сакав да останам во кошарката. Илирија е предизвик, јасс сум претседател, но во исто време, се грижам за спортскиот дел од проектот. Клубот не беше во најдобри услови, не можев да ја одбијам понудата. Се обидуваме да го доведеме клубот на посакуваното ниво“, вели Илиевски.

Никој не може да ја заборави онаа 2011 година на ЕП во Литванија. Македонија го освои четвртото место, а Илиевски против Литванија ја постигна легендарната тројка за која долго време ќе се зборува.

Еден од нашите најдобри кошаркари вели дека репрезентацијата ќе направела уште еден голем успех да не беше судиската одлука против Црна Гора на ЕП 2013 во Јесенице.

„Тоа се убави спомени. Посебна приказна. Доказ дека дури и малата Македонија, на која никој не сметал, може да успее. Тешко ми е да ги најдам соодветните зборови за да опишам што чувствував тогаш и како нè прифаќаа Македонците. Но, тоа не се случи преку ноќ. Таа репрезентација расте веќе една деценија.

Последното парче во мозаикот беше Бо Мекејлеб. Само жалам што нашата приказна не продолжи. Зборувам за Евробаскетот 2013 година, каде загубивме од Црна Гора во првиот натпревар од групата Јесенице, откако судијата пресуди во корист на противникот. Ако го добиевме тој меч, првенството можеше да отиде во друга насока. Доказ за нашиот квалитет беше нашата победа против Србија со Теодосиќ, Богдановиќ и другите одлични кошаркари“, се присетува Владо.