Илон Маск објави снимка од “вознемирувачко долгиот” тунел: Се наоѓа под Лос Анџелес, а еве за што ќе служи

867

Илон Маск на својот Твитер профил објави снимка од моменталната состојба на новиот подземен тунел под Лос Анџелес, за кој искоментирал дека е “вознемирувачки долг”.

Сепак, се стекнува впечаток дека Маск, главниот извршен директор на “Boring Company” не е сосема сигурен што всушност претставува тунелот и како би требало да изгледа истиот. За потсетување, главната задача на споменатата компанија е изградба на тунелот, погоден за брзо подземно патување.

Илон Маск, основач на “Tesla” и “Space X” во октомври оваа година изјави дека подземниот тунел во Лос Анџелес ќе биде готов кон крајот на 2018 година. Тој го опишал своето искуство во “еднодимензионалниот” тип на тунел, кој по завршувањето на работата би требало да биде долг околу 4 километри.

Извршниот директор напишал дека се прошетал по целата должина и смета дека тунелот е “вознемирувачки долг”. Должината на тунелот одговара на спецификациите, но Илон тврди дека е изненаден од тоа.

Тунелот кој Маск го претставил во видеото од 34 секунди, ќе биде отворен на 10-ти декември.

Илон неодамна се осврна кон изградба на мрежа тунели под Лос Анџелес. Во таа прилика, тој објаснил што значи “еднодимензионален” тип на тунел и како тој се разликува од класичниот тунел за подземна железница.

“Таквите тунели се воглавно дводимензионални. Пругите меѓусебно се пресекуваат. Никој досега не пробал да направи систем на подземни железници со повеќе нивоа”, заклучил тој.