Илон Маск си даде нова чудна титула – и не е дека не му прилега

790

Илон Маск, по којзнае кој пат, покажа дека е сè освен обичен директор.

Технолошкиот могул, при поднесување на нова пријава до американската Комисија за хартии од вредност и берза, покрај своето име, како функција допишал „Технокрал на ‘Tesla’“ (Tesla Technoking), а финансискиот директор на „Tesla“, Зак Киркхорн ја добил титулата „Господар на коините“ (Master of Coin).

Секако дека двајцата се единствените во светот кои имаат такви позиции во некоја компанија – на крајот на краиштата, тие ги измислиле за себе. Иако се невообичаени, овие називи можеби и не се толку неочекувани со оглед на моменталниот ентузијазам на Маск во врска со криптовалутите.

За потсетување, уште на почетокот на февруари, компанијата „Tesla“ купи биткоини во вредност од 1,5 милијарди долари, а Маск тогаш обелодени план за „долгорочно стекнување и поседување дигитални средства“, што може, во еден момент, да отвори простор за купување производи на „Tesla“ преку криптовалути.

Покрај биткоинот, Маск во последно време често зборува и за „неконвенционални“ криптовалути како што е „Dodgecoin“, создадена од познатoто мемe со кучето. За неa, Маск објави дека станува збор за „народна криптовалута“, зголемувајќи ја нејзината вредност со тој твит.