Илон Маск тврди дека новиот “Roadster” на “Tesla” ќе лета

893

Основачот и директор на компанијата “Tesla”, Илон Маск, изјавил дека новиот “Roadster” ќе може да лета.

Маск објавил твит, односно гиф кој го прикажува легендарниот “DeLorean” од филмот “Back To The Future” и под него напишал: “Новиот “Roadster” ќе може да прави нешто слично на ова”.

Се чини дека пакетот “Rocket Boosters” кој беше наговестен оваа година сепак ќе пристигне во скоро време, или барем би можеле да очекуваме некој прототип.

По објавата, Илон одговорил на неколку прашања, а некои од неговите следбеници мислеле дека тој се шегува. Маск истакнал дека не се шегува и дека ќе ја користи технологијата на компанијата “SpaceX” која ќе овозможи забрзување практично до граница на човечката издржливост.