Жената со огромен број следачи на Инстаграм, дури 3 милиони луѓе го следат нејзиниот живот, има своја козметична колекција, станува збор за Рун вут Винкл. Меѓу нејзините фанови се наоѓаат и Ријана и Мајли Сајрус.
Пред славата во 2014-та година, оваа баба живеела нормален живот во градчето Кентаки. Имала своја мала фарма, се грижела за своите правнуци, ја одржувала градината и секоја недела одела во црква. Еден ден нејзината правнука ја фотографирала во кратки панталони и маица и ѝ помогнала да отвори Инстаграм профил.
„Отсекогаш бев бунтовник, па така дојдов до корисничкото име Беди Винкл“, рекла таа.
Нејзината прва објава набрзо станала хит на социјалните мрежи, а бројот на следачи се зголемувал од ден на ден. Социјалните мрежи ги освоила со своите весели и шарени модни комбинации и со ставот дека за ништо не се грижи.