Две лица починале, 13 биле пренесени во болница, а дури 700 лица побарале медицинска помош откако, најверојатно, зеле прекумерна количина на дрога на музички фестивал во Сиднеј, Австралија, соопштила денеска полицијата.
Откако колабирале на фестивалот “Defqon1”, 23-годишно момче и 21-годишна девојка починале, а две од 13 хоспитализирани лица се наоѓаат во критична состојба, се наведува во соопштението.
Really wish I took more pics in my #Defqon1 outfit ?
w/ sissy @infmsj pic.twitter.com/lYeq67ackN
— ?h e l p m e ? (@4ever_redXD) September 16, 2018
Полицијата поднела кривична пријава против 10 лица поради продажба на дрога, помеѓу кои се и двајца тинејџери кои донеле 120 капсули на фестивалот кој се одржувал во Меѓународниот Регата центар во Сиднеј.
“Згрозена сум од она што се случило. Не сакам ниту една фамилија да доживее трагедија со каква некои фамилии се разбудија утрово, ужасно е само кога ќе помислите на тоа”, изјавила премиерката на австралиската држава Нов Јужен Велс, Гледис Береџиклијан.
Fave set of the night ? @AndyTheCore #Defqon1 pic.twitter.com/TEHPBxlFzC
— ✖️ k bae ? (@kaybrah_) September 15, 2018
Таа навела дека фестивалот не бил обезбеден и ветила дека ќе направи се’ за ова никогаш да не се повтори. Организаторите на фестивалот денеска изразиле длабоко жалење поради смртните случаи.
“Разочарани сме од бројот на пријавени инциденти поврзани со дрога. Имаме нулта толеранција во врска со употребата на дрога на фестивалот”, соопштиле тие.
На истиот фестивал во 2013 и 2015 година починале две момчиња на возраст од 20 години, двајцата од прекумерна доза на наркотици. Фестивалот кој еднаш годишно се одржува во Австралија од 2009 година, го организира “Q-Dance Australia”, огранок на организацијата “Q-Dance”, наведуваат медиумите.