ИМААТ ПРЕДНИЦИ ОД КОИ БОЛИ ГЛАВА – Познати дами со гради за медал!

1897

Освен со глас, овие пејачки можат да се пофалат и со стас. Нивните предници, независно од тоа дали се природни или полни со импланти воодушевуваат, а припадниците на посилниот пол губат разум кога ќе ги видат бујните деколтеа со кои располагаат.

Адријана Кеш, Тамара Тодевска, Елена Велевска, Ноне Неделковска, Татијана Стефановска, Анастасија Петреска, Аделина Тахири, Бојана Скендеровски… се само дел од познатите дами кои се горди сопственички на секси големи гради.

Адријана Кеш

Пејачката која се прослави со рефрените “Кеш, кеш”, “Мафијаш” и “Дубаи” вели дека откако ставила силикони се препородила и сега воопшто и не носи градник.

“Долго време размислував за да ги зголемам градите и кога конечно го направив тоа сфатив дека сум требала многу порано да ги корегирам. Сега веќе не носам градник и сум полна со самодоверба, супер се чувствувам во сопствената кожа”, откри фолкерката.

Тамара Тодевска

Освен што располага со моќен вокал, Тамара Тодевска може да се пофали и со бујни природни гради. Познатата пејачка ја користи секоја можна прилика за да ги истакне, па така нејзините фотки на социјалните мрежи каде позира во костим за капење се едни од најлајкуваните и најкоментирани.

Ноне Неделковска

Џебната Венера, како што многумина ја нарекуваат, иако веќе не се занимава со музика, се уште се наоѓа на врвот на листата – познати дами со секси гради! Иако е ситна на раст, слатката Ноне има “си*а за медал”!

Елена Велевска

Кај Велевска нема што не е е секси, но дефинитивно нејзината предница мами најмногу воздишки кај припадниците на посилниот пол. Фолкерката во моментов е на заслужен летен одмор и секојдневно го бомбардира Фејсбук со жешки фотки на кои во преден план и се градите.