Дашмир Елези, запомнете го ова име. Со само 14 години, инаку роденден му е на 22 ноември, во дресот на Шкендија во пријателски натпревар и даде гол на Приштина. Тетовци потоа чекаа, барем такви се правилата, Дашмир да наполни 16 години и да биде стартер во еден официјален меч. Тоа се случи завчера откако во саботата мега-талентот на Шкендија го прослави својот 16-ти роденден. Па така со само 16 години и еден ден тој го одигра својот прв меч во ПМФЛ и притоа на дербито со Шкупи, го постигна својот прв гол. Секако дека ги засени ѕвездите како Ибраими, Дориев, Дарбо и останатите од двете наши најдобри екипи.
Јасно е дека Македонија има нов фудбалски БИСЕР. Шкендија има нов МЕГА-ТАЛЕНТ. Тој вчера се запиша и во историјата на мак – фудбалот. Тој е убедливо најмладиот фудбалер што настапил во ПМФЛ. Тој исто така е најмладиот стрелец во историјата на ПМФЛ и тоа со само 16 години и еден ден.
На пошироката јавноста Елези и е непознат, допрва ќе се слуша за фудбалското ЧУДО од Тетово, од Македонија. Шкендија а и сите ние можеме само да се гордееме со него.
Само треба да му се даде шанса, се друго ќе си дојде на своето место.
Кога сме Дашмир Елези и неговите настапи за младинскиот тим на Шкендија, да споменеме дека на 25 натпревари за У-13 за тетовскиот тим, постигнал неверојатни 103 голови. Пресметајте колку е тоа во просек.
Инаку Дашмир е младински репрезентативец на Македонија.