Импресивно видео кое го прикажува автопилотот на „Tesla“ во акција со сите негови можности ги воодушеви возачите

511

Еден сопственик на автомобил „Tesla“ објавил видео на Јутјуб на кое што преку визуализација на автопилотот прикажува сè што „гледа“ компјутерот на автомобилот.

Дел од сопствениците на овие автомобили веќе некое време уживаат во можностите на софтверот „Self-Driving Beta“ кој што управува со возилата самостојно и без интервенција на возачите.

Сепак, поради тоа што не станува збор за автономно возило и не постои закон кој што би можел да овозможи препуштање на целосна контрола над возилото на компјутерот, секогаш е потребно рацете да бидат поставени на воланот за возачите да можат да реагираат при евентуални пропусти или пак грешки од страна на компјутерот.

Исто така возачите се единствените одговорни за возилото така што при евентуална несреќа вината нема да биде препишана на компјутерот туку на возачот.

Досега на интернет беа објавени многубројни видеа од автопилотот на „Tesla“ во акција кои што ги покажаа сите можности на автономната технологија на Маск, а еден сопственик на „Tesla“ автомобил со регистарски таблички „AI DRIVR“ објавил ново фасцинантно видео на кое што покажал што сè компјутерот „гледа“ во текот на возењето.

Видеото прикажува визуализација на лентите на патот, автомобилите кои се движат, паркираните автомобили, семафорите со светлата, сообраќајните знаци итн.

Поради тоа што видеото е снимено навечер, импресивно е тоа што на визуализацијата се гледа како компјутерот ги забележува останатите автомобили пред на улица да може да ги забележиме со голо око.

Ова видео е само уште еден доказ колку технологијата на „Tesla“ напредувала и колку компјутерите можат да бидат „сигурни возачи“.