Индија побара ослободување на еден од своите пилоти кој беше уапсен вчера од страна на пакистанските сили откако неговиот авион беше соборен, а стравувањата од војна меѓу двата нуклеарни вооружени ривали продолжуваат да се зголемуваат, пренесува „Дејли експрес“.
Воздухополовниот комапндант Абинандан бил заробен откако неговиот борбен авион МИГ-21 беше соборен.
Видео чија веродостојност не е потврдена покажува дека тој бил претепан од цивили пред да интервенира пакистански војник. Пакистанската војска подоцна објави, па отстрани видео кое покажува дека Абинандан е испрашуван по нападот. Во видеото, индискиот пилот е со превез на очите и со врзани раце зад грбот.
Индиската влада го осуди “вулгарниот приказ на нејзиниот повреден персонал” за подоцна видеото да биде преобјавено, но овојпат на него пилотот пие чај без превез на очите и ја фали пакистанската војска односот кон него.
Пилотот е заведен како “исчезнат во акција” од страна на индиски функционери. Владата на Индија и Пакистан објавија контрадикторни извештаи за воената акција што се случи вчера.