Се додека не се разболел, не верувал во тоа дека Ковид-19 воопшто постои.
Како што објави “Sky News”, Дмитриј Стужук се заразил со коронавирусот за време на патување во Турција. Кога се вратил во Украина бил тестиран и наодот бил позитивен, па завршил во болница.
По осум дена лекување бил пуштен дома, но во еден момент дошло до компликации околу срцето, кои биле поврзани со коронавирусот.
Неговата поранешна сопруга рекла дека повторно бил пренесен во болница и тоа во тешка состојба и без свест. Вчера објавила дека починал.
Стужук по првиот престој во болница на Инстаграм објавил фотографија од болнички кревет.
Напишал дека едно утро во Турција се разбудил со отечен врат и дека тешко дишел.
“Сакам да споделам дека се разболев и сакам да пратам предупредување до сите. Јас бев меѓу оние кои мислеа дека коронавирусот не постои, се додека самиот не се разболев. Коронавирусот не е само краткотрајна болест, и не е безопасна”, напишал тој.
Навел дека бил на кислород и дека состојбата му е стабилна.