Информациите од Израел се загрижувачки, половина од заболените се вакцинирани

770
Делта сојот има 15 ил 18 мутации, но има четири клучни мутации кои се наоѓаат во геномот кој го кодира протеинот и кој му дава голема инфективност и имуноевазивност. Сите мутации не се еднакви, некои можат да бидат тивки, а некои сериозни, како бразилскиот или јужноафриканскиот сој, вели хрватскиот имунолог Тробоњача.

Проблем е дека во некои земји кои го поминаа третиот бран, сега сведочиме на повторно ширење на епидемијата заради високозаразниот делта сој. Потребно е повеќе од 85 отсто колективен имунитет за да се запре неговото ширење, вели хрватскиот имунолог Златко Тробонјача во гостување на ХРТ.

– Информациите од Израел се загрижувачки, има пораст на новозаразени иако 60 отсто од населението е вакцинирано со две дози. Интересно е тоа дека кога станува збор за делта сојот, дека 50 отсто од новозаразените се вакцинирани со вакцината на Фајзер. Тие податоци загрижуваат во смисла дека можеби фајзеровата вакцина не заштитува како што мислевме – 90 отсто – истакнал имунологот.

На прашањето колку соеви може да очекуваме, тој вели дека тоа никој не може да го предвиди и дека во моментов во светот има повеќе од 2.000 различни соеви поради мутацијата.

– Делта сојот има 15 ил 18 мутации, но има четири клучни мутации кои се наоѓаат во геномот кој го кодира протеинот и кој му дава голема инфективност и имуноевазивност. Сите мутации не се еднакви, некои можат да бидат тивки, а некои сериозни, како бразилскиот или јужноафриканскиот сој – вели Тробоњача.

Тој додава дека епидемијата ќе стивне само на два начини – со вакцинирање и прележување на болеста.

Според него, ако потрае епидемијата можеби ќе треба да се вакцинираме и со трета доза. Дека сè зависи од мутацијата на вирусот, која ќе се прошири. Ако се прошири некоја нова мутација која вакцините нема да ја неутрализираат, тогаш ќе мора да се прими и трета доза.