Вероника Рајек (25) од Словачка е инфлуенсерка и финалистка во изборот за Мис на Словачка во 2016 година, а благодарение на добриот изглед, има повеќе од милион следбеници на Инстаграм.
Моментално живее во Виена, патува низ светот и креира содржина за својот инстаграм-профил, а тврди дека луѓето секогаш се изненадуваат кога ќе ја сретнат првпат.
Вели дека постојано ја критикуваат жени кои мислат дека не е реална. Често се случува нејзиниот профил да биде избришан, бидејќи следбениците ја пријавуваат како лажен лик, а според неа, тоа е така затоа што е „премногу убава“ и луѓето не веруваат дека нејзиниот изглед е реален.
„Многумина мислат дека на убавите луѓе им е лесно, но мене ми е лошо поради тоа. Ми го загорчуваат животот. Луѓето не веруваат дека постојам. Навистина е дискриминација тоа што други жени можат да го прават истото, а јас не можам, па ми го бришат профилот, зашто сум премногу убава.“
„За себе велам дека сум вонземјанка, затоа што луѓето не веруваат дека сум реална. Мислат дека сум ‘бот’ или ‘интернет-измама’“, вели Вероника.
Неретко добива и пораки со непријатна содржина. Ѝ велат да престане да користи филтери и фотошоп.
Вероника вели дека повеќето од нејзините следбенички го прават тоа, бидејќи се загрижени дека таа ќе им ги украде момчињата. Исто така, таа исклучиво се дружи со мажи, бидејќи како што вели, жените не сакаат да бидат нејзини пријателки од страв дека таа ќе им ги заведе дечковците.
„Не правам никакви промени и не користам филтери – освен алатки за поизмазнета кожа, но мислам дека тоа е нормално“, вели таа и додава дека нејзиниот изглед се должи на здравиот начин на живот.
Не оди на забави и вежба пет пати неделно. Што мислите вие за оваа убавица?