Ирански воен авион се срушил на планината Сабалан во провинцијата Ардебилна северозападот на земјата, потврди иранската новинска агенција „ИРНА“.
Како што соопштија иранските власти, спасувачки служби веднаш биле испратени на местото на несреќата каде што се врши потрага по евентуални преживеани.
Засега не е објавено за каков вид на авион станува збор, ниту пак колку луѓе имало во авионот, пренесува “Russia Today”.
Очевидци раскажале дека станува збор за борбен авион на иранската Револуционерна гарда кој се срушил во средиштето на вулкан на планината Сабалан кој инаку не бил активен.
A military plane (some say a jet fighter) has crashed at Sabalan mountain northwest of Iran.
Army choppers and rescue forces have been deployed in the region. Further details to follow pic.twitter.com/8ainnAI3fg— Reza Khaasteh (@Khaaasteh) December 25, 2019