Вчера на Лешница се потрудил да го собере ѓубрето кое е оставено таму викендов. Додека неговиот акт е за поздравување и нешто што покажува дека е свесно човечко битие, жална е сликата дека во 2020 воопшто треба да зборуваме за тоа како отпадоците се дел од сопствениот ранец кога се престојува во природа.
Толку е просто и едноставно. Епитети не се потребни да се додаваат на сторителите молам, тоа е што е, фокусот треба да се стави очигледно на едукација на народов и можеби некаков систем на строги парични казни за вакви злодела. Веќе ова, за жал, е секојдневна глетка секаде низ Македонија.
Ви посакувам убав почеток на неделава и малку повеќе свест секој нареден ден. Димитрија Ристевски.
Вчера пак Ирена се потсети на еден свој статус кој повторно го сподели, а во истот се вели:
Деновиве сретнав два примероци од еден подзаборавен ендемичен вид – љубезен келнер.
Толку беа љубезни и вешти во својата работа двајцата, што на моменти помислував дека се работи за скриена камера и дека некој сериозно се забавља дури ме гледа како се чудам.
Што им е заедничко на двајцата? Нормално, не издржав и прашав! Добро, дечки, шо е проблемот со вас? И двајцата работат по три работи. Три!!
Рекоа, со една плата не се издржува. Едниот е професор по физичко, фудбалски судија и келнер во елитен ресторан, а другиот службеник во банка и келнер во две скопски гостилници.
Македонија вработува?! Не, дечки, не! Македонија душата им ја вади на вредните и чесните. Сум го пишала ова на 31.08.2016 Денес како е?