Фолкерката Ирена Спасовска ужива во животот и сопствената слобода со полни гради, користејќи го секој миг да се посвети на себе и својата кариера.
Бидејќи е на домашната музичка сцена уште од далечната 1989 година, Иренче добро знае дека на естрадата освен добра песна, потребна е и провокација.
Најчесто кога и се случува нешто ново, таа знае да изненади со некоја ултра секси фотосесија, а така беше и овој пат. Причина – нејзиниот роденден!
Фолкерката на социјалните мрежи објави фотосесија на која позира речиси гола, делумно прекриена со машка кошула. Но, дури и тоа парче облека како да и беше вишок, па пред фото-објективот на фотографот Јануш, го трна и градникот од природно бујните гради кои ги покри со раката.
Со насмевка на лицето, во едната рака градникот, а во другата чаша црвено вино, Ирена наздрави свое име и напиша:
-Некои жени стареат како кондури, а некои како вино. Нека ми е среќен роденденот, вели Спасовка.
Инаку, минатата 2018 година пејачкта имаше турбулентна година на приватен план, кога во месец јули ја прекина 13 годишната врска со новинарот и поранешен уметнички директор на „Фолк фест Валандово“, Орце Гелевски.
Тогаш се појавија шпекулации дека причината за разидувањето со Орце е тоа што Ирена го изневерила со музичарот Муки Ахмети, а таа ги негираше ваквите приказни.
-Жал ми е што се најдовме во центарот на вниманието за една ваква тема, или попрво би рекла недоразбирање. Приказните за трета личност во нашата врска воопшто не се вистинити, а мене најмногу ме повреди тоа што Орце не ме заштити од сите напади, лажни обвинувања и пишувања во медиумите, изјави Ирена во една прилика за Фокус.
фото:фејсбук ирена спасовска/јануш