Ирина Шајк објави „безобразно“ видео од ревијата на Ријана – во жешка долна облека покажа премногу

750

Популарната манекенка се појавила на ревијата на Ријана „Savage X Fenty“.

Супермоделот и манекенката со потекло од Русија, Ирина Шајк (34), објавила ново видео на кое што на социјалната мрежа Инстаграм од ревијата на Ријана за новата колекција за долна облеја со име „Savage x Fenty Vol. 2“, покажала премногу.

Ирина за потребите на таа ревија се разголела и била во провокативна долна облека во розова боја.

Убавицата на социјалната мрежа Инстаграм споделила само дел од тоа што се очекува од новата ревија, а нејзиното сексапилно издание ги фрлило во транс многу од нејзините обожаватели.

View this post on Instagram

@savagexfenty 💕

A post shared by irinashayk (@irinashayk) on

Таа носела розов латекс корсет со хулахопки. Косата ѝ била врзана, а носела и многубројни аксесоари.

Снимката била прегледана над 716.000 пати, а манекенката уште еднаш докажала дека е „кралица на модните писти“.