Исчезна тенисерката која го обвини кинескиот вицепремиер за силување!

613

Кинеската тенисерка Шуаи Пенг, која го обвини вицепремиерот Жанг Гаоли дека ја силувал, моментално се води за исчезната, пренесува „Ле Монд“.

35-годишната Пенг преку социјалните мрежи го раскажа целиот настан и кажа дека сопругата на Гаоли стоела на вратата, додека таа била силувана. Пораката по само дваесет минути беше повлечена, поради имињата вклучени во зборовите на тенисерката.

Според нејзиниот исказ, кинескиот вицепремиер побарал да има сексуални односи и ја искористил, кога таа му дала негативен одговор.

Пенг во тенискиот свет е позната по своите успеси настапувајќи во двојки, кога во еден период стоеше на врвот на светската ранг листа.