Јелена Карлеуша се најде во центарот на порно скандал откако излегоа во јавноста спорни фотографии, видеа и снимки кои што ги праќала на босанскиот фудбалер Огњен Врањеш. Пејачката во екот на секс аферата отпатува во Кина кај сопругот Душко Тошиќ каде во семејно опкружување го прославија неговиот роденден. Потоа во строга тајност се врати во Србија поради работни обврски.
Прв пат е видена во јавноста како излегува од автомобилот во студиото на Гранд.
Од самиот почеток на снимањето, како што откриле извори, не била расположена и од лицето не ги тргала очилата за сонце.
Меѓутоа, вчеравечер исплива уште едно разголено видео, кое наводно, според српските медиуми му било пратено на Врањеш.
Те сакам, со сладок глас во видеото порачува Карлеуша додека е гола во када и прекриена со пена.
Да потсетиме, Јелена за целиот спорен материјал изјави дека е фотомонтажа притоа истакнувајќи дека зад сето ова стои група на луѓе кои што сакаат да и наштетат на неа и семејството.