Испловил кинескиот монструм: Првата фотографија на воениот брод опремен со супер-топ! Еве што може да направи

944

Судејќи според последните извештаи, Кина прва на светот го опремила воениот брод со електромагнетски топ, фантастично оружје познато и под името “railgun”. Бродот прв пат бил забележан во јануари минатата година, а по реката Јангце завршил на тестирање во Тихиот океан.

Бродот Хаилјангшан од класата “Yuting I” десантни бродови, се појавил на социјалните мрежи на 29-ти декември, а иако му е локацијата непозната, изгледа дека е на отворено море.

На почетокот на минатата година топот го нарекле “Чудовиште на Јангце”. На фотографиите е прикажан брод со голем топ, а остатокот од бродот е преполн со контејнери и разна опрема. Бродот долг 180 метри е дизајниран за да може да се доближи до непријателски брег и да истовари 10 тенкови или 500 тони товар.

Ваквото оружје за разлика од конвенционалните, кои се потпираат на некој вид експлозии за лансирање на проектили, се потпира на електромагнетизам. Таквите проектили имаат значително подолг дострел од конвенционалните, а може да се користат на далечина од повеќе стотини километри. Тестирањето на новото и уште неистражено оружје е посебно опасен потфат и може да нанесе тешка штета за околината.

Веројатно поради тоа и е искористен релативно стар брод кој, наизглед, е веќе пред отпишување. Големиот простор за складирање во внатрешноста на бродот е идеално место за бројните генератори за производство на речиси незамислива количина на електрична енергија потребна за лансирање на огромните проектили. Кон средината на минатата година, CNBC известувал за доверливите извештаи кои предвидуваат дека овој систем ќе биде “подготвен за војна” до 2025-та година.

“Способен е да погоди мета оддалечена на 200 километри со брзина од 2 километри во секунда”, стои во извештајот. Околу 50.000 долари чини еден проектил.

Сепак, моментално не е можно прецизно да се одреди до каде дошла Кина со оваа технологија и дали е пред САД. Американската морнарица така наводно веќе со години го тестира истото, но клучните проблеми кои се појавуваат се оние со напојувањето, електрониката и трошењето. Се надеваат дека ќе бидат подготвени за борба пред да ги инсталираат на бродовите. За кинеските обиди малку се знае, можеби што само повеќе од своите тестови ги спроведуваат на море, за разлика до САД.

Американскиот буџет за овие системи ќе биде 20 милиони долари во оваа година.

Ако и кога ќе бидат во употреба би можеле да се најдат на еден од трите воени бродови од класата “Зумвалт”. Сите три бродови, Зумвалт, Монсур и Џонсон, можат да произведат 78 мегавати електрична енергија. Новиот систем би можел да ги замени 155-милиметарските топовски системи кои морнарицата ги направила, но никогаш за нив не купила муниција.